Свет Контролорот за летање спиел кога исчезнал авионот на „Малезија ерлајнс“

Контролорот за летање спиел кога исчезнал авионот на „Малезија ерлајнс“

Малезискиот министер за сообраќај Лиоу Тионг Лаи денеска најави остра реакција против супервизорот во контролата за летање доколку се докаже дека заспал на работа кога авионот на линијата МХ370 за Пекинг исчезна пред една година.

Извештајот објавен минатата недела, во која се наоѓа транскрипт од разговорот на контролата за лет во регионот и на авиокомпанијата, неколку часа откако „боинг 777“ исчезнал од радарот со 239 патници и членови на екипажот на пат од Куала Лумпур до Пекинг, открива конфузија.

Во еден разговор, четири часа по исчезнувањето на авионот, контролорот на летот во Куала Лумпур на претставникот на „Малезија ерлајнс“ му рекол дека мора да го разбуди својот шеф, кога од него било побарано да го соопшти точното време на исчезнувањето на авионот.

– Дефинитивно ќе преземеме акција ако се докаже дека имало неправилно постапување – рече министерот.