Економија Компанијата „Агриа“ ќе инвестира во Џумајлија

Компанијата „Агриа“ ќе инвестира во Џумајлија

Земјоделското земјиште на светиниколскиот агрокомбинат „Џумајлија“, го доби компанијата „Агриа“ од Велес на електронска аукција.

Компанијата дала најповолна понуда за годишна закупнина од 108.585 евра, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Агриа“ се обврзува да инвестира 2 милиони евра во рок од четири години. Компанијата ќе управува со 1.136 хектари земјоделско земјиште.

Во Џумајлија требаше да инвестира контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој, чијашто инвестиција, според најавеното, требаше да изнесува 211 милиони евра.