Со неразумното градење, Охрид е на чекор од бришење од УНЕСКО

-

„Имајќи го предвид фактот дека имаме само едно подрачје заштитено од УНЕСКО во Македонија, а тоа е Охрид, и тоа со двојна титула, се наоѓаме во ситуација не да говориме како да внесеме и други места под заштита на УНЕСКО, туку да го изгубиме и единственото“, изјави Александра Бујароска од граѓанската иницијатива „Фронт 21/42“.

„Фронт 21/42“ и „Еко-свест“ ја почнаа кампањата „Едно е! Вредно е!“, загрижени за можното губење на статусот на Охрид како културно и природно наследство под заштита на УНЕСКО и дел од природниот биорезерват Охрид-Преспа.

– Ние како екологисти бевме згрозени од најавите и од плановите за повторно градење во Охрид, кое не е дел од одржливиот развој, а се планирани да се имплементираат на ова подрачје. Тоа се проектите за ски-центарот, проектите за патот, проекти за една серија туристички развојни зони од типот на Субрата Рој, туристички комплекси со медитерански плажи, кои подразбираат навлегување во самото езеро со бетонски платформи – велат организаторите.

Оттаму велат дека Комитетот при УНЕСКО на 40. собрание изразил сериозна загриженост и барал да не се реализираат овие проекти, бидејќи Охрид ќе влезе во листата на подрачја кои се загрозени, а тоа е само еден чекор од бришењето на статусот на областа доделен од УНЕСКО.

Граѓаните истовремено потпишуваат петиција за повлекување на планираните проекти. Досега има повеќе од 15.000 потписи на граѓани, не само од Македонија, туку и од целиот свет.

Кампањата ќе трае до февруари 2017 година.

Станарите од опожарената зграда во Чаир не знаат кога ќе се вратат дома, бараат одговори од надлежните

Пожарот кој вчера ја зафати зградата на ул. „Прохор Пчински“ утрово беше изгаснат, но станарите сè уште немаат одговори во однос на тоа што го предизвикало пожарот, колкава е...