Економија Компаниите можат да заштедат преку електричната енергија

Компаниите можат да заштедат преку електричната енергија

Претставници на повеќе од 50 компании покажаа голем интерес за воведување енергетски менаџмент во своето работење, со што ќе ги намалат трошоците за електрична енергија за повеќе од 30 проценти. Тоа ќе им овозможи поголема ефикасност во работењето и намалување на трошоците.

На овој начин, ќе ја зголемат нивната конкурентност и ќе ги зајакнат позициите на пазарот.

– За компаниите од суштинско значење е секоја можност за намалување на трошоците и за зголемување на ефикасноста во работењето. Енергетскиот менаџмент преку енергетската ревизија која ја вршат спцијализирани компании, ги утврдува сите слабости во потрошувачката на електрична енергија во компанијата и нуди конкретни решенија за нивна промена, со што се овозможуваат сериозни заштеди – изјави менаџерот на „ЕВН Снабдување“, Нико Берберу, на денешниот симпозиум организиран за компаниите.