Македонија Коледарчињата го најавија Божик во општина Илинден

Коледарчињата го најавија Божик во општина Илинден

Пеејќи ја христијанската коледарска песна „Вечниот Бог“, малите коледарчиња од општина Илинден традиционално, трета година по ред, во Домот на култура „Илинден“, го најавија славењето на Бадник и на Божик.

Носејќи ја макетата на Витлеемската пештера, која ја симболизира пештерата во која се родил Исус Христос, тие ја носеа веста за Христовото раѓање.

На младите коледарчиња Општината им подари портокали, јаболчиња, бомбони, костени, сокчиња… Манифестација веќе станува традиција и составен дел од одбележувањето на Божик во општина Илинден.