Ctrl - Z Кир Стармер е шестиот британски премиер со кој ќе се дружи мачорот...

Кир Стармер е шестиот британски премиер со кој ќе се дружи мачорот Лери на улицата „Даунинг“

Mачорот Лери бил дел од политичкиот живот на многуте премиери на Велика Британија, a се очекува да биде тука рамо до рамо со новоизбраниот премиер Кир Стармер

Фото: Официјален X профил на мачорот Лери

Вистинската ѕвезда по парламентарните избори во Велика Британија несомнено е мачорот Лери кој е резидент на улицата „Даунинг“ број 10 уште од 2007 година. Секогаш тука пасивно, но набљудувачки, мачорот Лери бил дел од политичкиот живот на многуте премиери на Велика Британија, a се очекува да биде тука рамо до рамо со новоизбраниот премиер Кир Стармер.

Кој е мачорот Лери?

Тој е роден во 2007 година – за живот на една мачка стар, но сепак самиот Лери не се откажува да го живее својот најдобар живот на улицата Даунинг. Тој бил маче скитник, кое било спасено од здружението „Battersea Dogs and Cats Home“, а потоа било посвоено од вработените на улицата Даунинг како домашно милениче, кога премиер беше Дејвид Камерон, во 2011 година.

Титулата која ја носи мачорот Лери е „Chief Mouser“, во превод „Главен глушец“, а оваа улогата ја презел од мачката Сибил, која претходно живеела на улицата Даунинг и скромно ја носела оваа титула.

Откако Дејвид Камерон поднел оставка по гласањето за Брегзит во 2016 година, мачорот Лери останал.

Фото: Официјален профил на социјална мрежа „X“ на мачорот Лери

Како изгледа еден ден на Лери?

Секојдневните обврски на мачорот Лери опфаќаат поздравување на новодојдените гостит како и извршувањето на надзор, а најинтересна активност му е „тестирање на античкиот мебел“ и неговиот квалитет за „фаќање дремки“ во просториите на улицата Даунинг.

Кој се грижи за мачорот?

Лери по автоматизам доаѓа под чадорот на еден просечен државен службеник, што значи дека премиерот не е тој што се грижи за мачорот, туку персоналот кој работи на улицата Даунинг.

За разлика од неговите претходници, трошоците на Лери доброволно ги плаќаат членовите на персоналот на Даунинг стрит, а дополнителни настани се организираат за собирање средства кои се користат за купување на негова храна и нега.

Дали мачката Лари ќе остане на бројот 10?

Уште во времето на заминување на премиерот Камерон, тој беше прашан за иднината на Лери, а тој потврдно одговори дека мачорот Лери е државен службеник, кој навистина ќе остане на мачорската секундарна премиерска функција.

Мачорот Лери заедно со вработените на улицата Даунинг бр. 10 низ годините виделе голем дел од премиерите и шефови на држави кои поминуваат низ домот на оваа улица.

Од заминувањето на Камерон, Лери ги извршуваше своите секундарни премиерски должности со конзервативните премиери Тереза ​​Меј, Борис Џонсон, Лиз Трас и Риши Сунак.

Тој од петокот ќе го додаде и премиерот Стармер на листата, што значи дека Лери ќе го заокружи бројот шест премиери со кои живеел во текот на неговиот живот. Сепак Лери освен со мноштвото на министри и државни функционери се има и запознаено со поранешните претседатели на САД, Доналд Трамп и Барак Обама.