Македонија Казнети 355 возачи за пребрзо возење

Казнети 355 возачи за пребрзо возење

Од нив, 24 возачи возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина

Фото: МВР на Северна Македонија

Во акција на Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера 355 возачи биле казнети поради пребрзо возење.

Од нив, 24 возачи возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 197 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 158 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР, апелирајќи за почитување на сообраќајните правила и прописи, заради побезбедни патишта и улици.