Жителите на општина Карпош денеска во 12 часот повторно излегоа на протест против деталниот урбанитички план за кој велат дека е донесен сомнително и нетранспарентно.
Тие половина час го блокираа сообраќајот на булеварот Партизански одреди, на крстосницата кај трговскиот центар „Скопје сити мол“.
Незадоволните граѓани и минатата сабота го блокираа булеварот и најавуваат дека ќе протестираат сè додека не се изменат урбанистичките планови и не се спречи уништувањето на зеленилото во нивната населба.