Македонија „Канал 77“: Не ни даваат дозвола, оти се плашат од нова објективна...

„Канал 77“: Не ни даваат дозвола, оти се плашат од нова објективна телевизија

Власта, преку Агенцијата за аудио и аудиовизулени услуги, која ја има под контрола, внимателно избира дали и кому ќе му додели дозвола за нова телевизија. „Канал 77“ третпат е одбиен од истата оваа агенција во барањето за објавување конкурс за дозвола за телевизиски програмски сервис со претежно информативен општ формат, велат од радиомрежата „Канал 77“.

„Зошто е непотребна телевизија со информативен општ формат, Агенцијата ја образложува со тоа дека ќе им се земе од колачот на сегашните телевизии. Агенцијата е загрижена за финансискиот ефект за инвеститорот, кој во слободната економија сам го презема ризикот со отворањето нов медиум! На расправата во Агенцијата при гласањето за оправданоста за отворање конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на национално ниво преку дигитален терестеријален мултиплекс, од седумте члена, против беа членовите блиски до владеајчката партија, додека воздржано гласаа претставникот од ЗНМ и единствените двајца членови Албанци“, се вели во соопштението од „Канал 77“.

Од „Канал 77“ велат дека нема да се откажат и дека во својот развоен план имаат подготвено инфраструктура за телевизија што ги исполнува сите стандарди и дека повторно ќе побараат дозвола, ако треба и за кабелска телевизија.