Македонија Кај претседателот паричето се падна кај Маја Иванова, а кај премиерот кај...

Кај претседателот паричето се падна кај Маја Иванова, а кај премиерот кај Господ

Паричката во бадниковото лепче годинава во семејството Иванови се паднала кај Маја Иванова, сопруга на претседателот Ѓорге Иванов. Кај премиерот Никола Груевски, пак, паричката паднала кај Господ, а кај претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, кај синот Филип.

Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, денеска по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ, се одржа Архиерејска златоустова литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан.

На литургијата присуствуваа претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со сопругата, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, со сопругата и премиерот Никола Груевски, како и многу верници.