Свет Јужна Кореја го потврди единаесеттиот смртен случај од БИРС

Јужна Кореја го потврди единаесеттиот смртен случај од БИРС

Властите на Јужна Кореа денеска ја потврдија и 11. жртва која починала од инфекција од вирусот блискоисточен респираторен синдром (БИРС).

Министерството за здравство соопшти дека 72-годишна жена умрела денеска. Оваа пациентка починала од воспаление на белите дробови.

Повеќе до 120 лица во Јужна Кореја се заразени со БИРС откако минатиот месец се појави првиот случај.