Македонија ЈСП за Илинден со неделен возен ред, Жичарницата ќе работи до 20...

ЈСП за Илинден со неделен возен ред, Жичарницата ќе работи до 20 часот

Сите продажни места на ЈСП во текот на утрешниот ден ќе бидат затворени

Фото: Мета.мк

Поради државниот празник 2 Август – Илинден, јавниот превоз во главниот град утре, среда, ќе сообраќа по неделен возен ред, информира Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП Скопје).

Оттаму велат дека сите продажни места на ЈСП утре ќе бидат затворени.

Жичарницата, пак, ќе работи вообичаено – од 10 до 20 часот, при што во периодот од 19 до 19:30 е предвидено последно возење од долу кон врвот, додека во 19:45 часот е последното возење од врвот надолу.