Македонија ЈП „Водовод“: Водата во кризните подрачја е исправна за пиење

ЈП „Водовод“: Водата во кризните подрачја е исправна за пиење

Водата за пиење во местата погодени од саботното невреме во Скопје е санитарно исправна покажаа првичните резултати од сите мерења, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Tимови на ова претпријатие биле вонредно ангажирани, при што извршиле теренски мерења и зеле примероци од водата за пиење на територијата на целиот град Скопје, но со акцент на кризните подрачја.

По направените истражувања, се покажало дека водата е санитарно исправна за пиење.