Македонија ЈП „Водовод и канализација“ апелира за рационално користење на водата

ЈП „Водовод и канализација“ апелира за рационално користење на водата

Фото: Nicolas Comte, Unsplash

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање и наводнување.

„Врз основа на податоците од страна на Управата за хидрометеоролошки работи за високите температури кои деновиве достигнуваат и над 40 Целзиусови степени, како и подaтoците на ЈП „Водовод и канализација,“ Скопје за зголемената потрошувачка на водата која дневно надминува 300.000 метри кубни, претпријатието апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање на поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови,“ информираат од таму.