Македонија Јавна седница во Апелација за притворот на пратеничката Жаклина Пешевска

Јавна седница во Апелација за притворот на пратеничката Жаклина Пешевска

Во Апелациониот суд за попладнево е закажана јавна седница по жалбата на пратеничката од ВМО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска која се жали на одлуката на Кривичниот суд да и биде продолжен куќниот притвор за учество во насилството во Собранието на 27 април минатата година.

Седницата е јавна по барање на Пешевска.

До сега Апелација ги потврди одлуките на Кривичниот суд за сите осомничени за настаните од крвавиот четврток во Собранието.