Македонија Јавен обвинител извршил увид на местото на експлозијата пред седиштето на ДУИ

Јавен обвинител извршил увид на местото на експлозијата пред седиштето на ДУИ

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово утрово извршил увид пред седиштето на Демокрската унија за интеграција (ДУИ) во Мала Речица, каде доцна синоќа беше активирана експлозивна направа, соопшти Јавното обвинителство.

Во кусото соопштение се вели дека од местото биле подигнати материјални траги и влакна од изгорен фитил, кои се дадени за вештачење. Надлежниот обвинител одзел и цеде од видеонадзорот за понатамошна анализа.

Во експлозијата, која се случила синоќа околу 21.50 часот, нема човечки жртви, а како што информираат од Обвинителството, била причинета минимална материјална штета.