Економија Изградбата на „Турски тек“ ќе почне овој месец

Изградбата на „Турски тек“ ќе почне овој месец

Изградбата на гасоводот „Турски тек“, низ кој треба да протече руски гас до Турција, ќе почне кон крајот на јуни, изјави денеска еден од портпаролите на тој проект, зад кој стои рускиот гасен гигант „Газпром“.

– Договорот кој во мај е направен со италијансклата градежна компанија „Саип“, ќе овозможи работите на првата од четирите секции на гасоводот „Турски тек“ да почнат кон крајот на јуни – беше истакнато на светската конференција за гас во Париз.

На оваа конференција, исто така, беше објавено дека името на овој гасовод со капацитет од 63 милијарди кубни метри е променет од „Туркиш стрим“ (Turkish stream) во „Туркстрим“ (Turkstream).

Руски „Газпром“ на 7 мај прогнозираше дека „Турски тек“ треба да почне со работа во декември 2016 година.