Македонија Иванов утре ќе ги одликува и Одделот за гранични работи и Единицата...

Иванов утре ќе ги одликува и Одделот за гранични работи и Единицата за обука на МВР

Претседателот на државата Ѓорге Иванов утре со „Орден за воени заслуги“ ќе ги одликува Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи и Единицата за обука и поддршка при МВР, соопштија попладнево од кабинетот на Иванов.

„Орденот за воени заслуги на единицата и на одделот при МВР се доделува за особени заслуги и за исклучителен придонес во зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за зацврстувањето на националната безбедност и сигурноста на македонските граѓани“, се наведува во соопштението.

Иванов, денеска, по повод Денот на Армијата на Република Македонија со Орден за воени за заслуги ги одликуваше Баталјонот на воената полиција и Инженерискиот баталјон при АРМ.