Македонија Иванов упати божиќна честитка до католичките христијани

Иванов упати божиќна честитка до католичките христијани

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до сите христијански верници што го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.

– Божиќ е празник на семејството, ден кога се молиме за добро здравје, среќа и за радост. Нека бадниковата вечер и Божиќ внесат топлина во домот, а семејството и ближните нека ги исполнат со добра мисла, добрина и со благослов. Овој голем христијански празник нè учи да бидеме солидарни, затоа да споделуваме со тие што имаат помалку, да им помогнеме на немоќните и на обесхрабрените – се вели во честитката на Иванов.