Македонија Иванов: Не ми паѓа на ум да помилувам педофили, нарко-дилери и силеџии...

Иванов: Не ми паѓа на ум да помилувам педофили, нарко-дилери и силеџии на избори

Ни на крај памет не ми паднало и не ми паѓа да помилувам педофили, нарко-дилери, силеџии на избори, терористи, екстремисти, изјави претседателот Ѓорге Иванов, по средбата со државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, одговарајќи на новинарско прашање за последната одлука на Уставниот суд поврзана со Законот за помилување.

– Би сакал да им порачам на граѓаните на Република Македонија да бидат спокојни. Ни на крај памет не ми паднало и не ми паѓа да помилувам педофили, нарко-дилери, силеџии на избори, терористи, екстремисти. Како и досега, ќе го правам исклучиво тоа што е исправно и е во интерес на државата – изјави претседателот Иванов.