Македонија Иванов ќе ѝ додели „Орден за заслуги за Македонија“ на МРТВ

Иванов ќе ѝ додели „Орден за заслуги за Македонија“ на МРТВ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе ја одликува Македонската радио-телевизија со „Орден за заслуги за Македонија“.

Орденот се доделува по повод 70-годишнината од основањето на Македонското радио и 50-годишнината од основањето на Македонската телевизија и за нејзиниот придонес за негувањето, презентирањето и промовирањето на духовните вредности и на културното творештво на Република Македонија.