Македонија Иванов ја прекинува посетата на Москва, ќе го свика Советот за безбедност

Иванов ја прекинува посетата на Москва, ќе го свика Советот за безбедност

Поради полициската акција во Куманово, претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, ја прекинува посетата на Москва и се враќа во Македонија.

Веднаш по враќањето, се очекува да го свика Советот за безбедност.

Членовите на Советот од ДУИ досега не учествуваа на неговите средби, бидејќи, според нив, Иванов не е легитимен претседател.

Поради тоа последната седница на Советот беше наречена „седница на државниот врв“ и се одржа по нападот на караулата Гошинце на 21 април.