Главна секција Иванов избега од новинарите во Домот на АРМ

Иванов избега од новинарите во Домот на АРМ

Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, избегна да ги одговори новинарските прашања на денешната средба со началникот на Генералштабот на Република Македонија, Горанчо Котески.

Имено, во Домот на АРМ, каде Котески треба да реферира за безбедносната состојба во земјава, на новинарите не им беше дозволено да постават прашање, иако тие инсистираа на тоа. Сепак, од протоколот им беше соопштено дека средбата не е јавна и дека можат да направат само фотографии и видеокадри.

Иванов се очекуваше да одговори на прашањата поврзани со неговата надлежност околу аферата со прислушување на повеќе од 20.000 граѓани.