Македонија Иванов ги прими акредитивите од новиот амбасадор на САД

Иванов ги прими акредитивите од новиот амбасадор на САД

Претседателот Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли.

На свечената церемонија, претседателот Иванов на амбасадорот Бејли му посака успешно извршување на дипломатските должности во земјата, истакнувајќи дека Република Македонија во континуитет придава исклучителна важност на развојот и на унапредување на севкупните односи со САД, кои ги поврзува заемната посветеност кон почитувањето на универзалните вредности за мир, слобода, демократија и за безбедност во регионални и во светски рамки.