Македонија Иванов денеска ќе се сретне со хрватскиот министер за одбрана

Иванов денеска ќе се сретне со хрватскиот министер за одбрана

Министерот за одбрана на Република Хрватска, Анте Котромановиќ, денеска ќе има средба со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Хрватскиот министер за одбрана, кој од вчера престојува во посета на Македонија, се сретна со својот македонски колега Зоран Јолевски.

Министерот Котромановиќ ги посети и Центарот за обука на пилоти и Полкот за специјални операции во касарната „Илинден“.