Хроника Исчезнала девојка од село Катланово

Исчезнала девојка од село Катланово

На 28 јануари 2015 година, во 14 часот, Ќ.С. (45) од скопското село Катланово, во полициската станица пријавил дека на 20 јануари годинава, во 7 часот, од дома исчезнала неговата ќерка. Според пријавата, таа утрото излегла и не се вратила дома.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.