Македонија Ирачките сили ја зазедоа Голема џамија во Мосул

Ирачките сили ја зазедоа Голема џамија во Мосул

Ирачките сили денеска ја зазеле разорената историска Голема џамија во Мосул, во која Исламска држава пред три години прогласи „калифат“, стои во соопштението на ирачката војска.

Заземањето на џамијата Ал-Нури е симболична победа за ирачките сили кои повеќе од осум месеци се борат да го освојат Мосул, северен град кој де факто беше престолнина на самопрогласената Исламска држава.

Џихадистите пред недела дена ја разнесоа средновековната џамија и нејзиниот симбол, накривеното минаре, додека ирачките сили со американска поддршка напредуваа во тој правец. Нивното црно знаме се виореше над закривеното минаре на џамијата од јуни 2014 година.