Економија Индустриското производство зголемено за 4,4 проценти во однос на лани

Индустриското производство зголемено за 4,4 проценти во однос на лани

Индустриското производство во ноември годинава е зголемено за 11,5 проценти во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2015 година, во однос на ноември лани, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 1,4 отсто, капитални производи за 34,2 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 11,5 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 22,5 проценти, додека опаѓање бележи кај енергија за 16,9 проценти.

Индустриското производство во периодот јануари – ноември 2015 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 4,4 проценти.