Економија Индустриското производство во октомври помало за 3,6 проценти во однос на лани

Индустриското производство во октомври помало за 3,6 проценти во однос на лани

Индустриското производство во октомври, во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање за 3,6 проценти, а во првите десет месеци годинава во однос на тој период лани има зголемување за 4,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во октомври, во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање од 0,8 отсто, секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 4,5 отсто, а секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има зголемување од 10,5 проценти.

Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сè, на намаленото производство во производство на прехранбени и тутунски производи, производство на облека, производство на хемикалии и хемиски производи и друго.