Економија Индустриското производство во јули намалено за 2,2 проценти во однос на лани

Индустриското производство во јули намалено за 2,2 проценти во однос на лани

Индустриското производство во јули цодинава во однос на истиот месец лани е намалено за 2,2 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, во овој период индустриското производство во секторот рударство и вадење камен бележи опаѓање од 3,4 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи
опаѓање од 2,6 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е забележан пораст од 2,1 отсто.

Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сè, на намаленото производство на облека, на метали, на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и производство на машини и уреди.