Економија Индустриските производи во мај поскапи за 0,2 отсто од април

Индустриските производи во мај поскапи за 0,2 отсто од април

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,2 отсто на месечно ниво, а пониски за 4,2 проценти на годишно ниво.

Во мај, во споредба со април годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи  на домашниот пазар се повисоки во групата нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто, како и во групите интермедијарни производи, освен енергија и трајни производи за широка потрошувачка, за 0,2 отсто.

Во мај годинава, во споредба со мај 2014 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите енергија за 10,8 проценти, капитални производи за 4,3 проценти и интермедијарни производи, освен енергија, за 0,9 отсто.