Македонија Илиоски: На Заев му пречи фактот дека ОЈО не потклекнуваше на политички...

Илиоски: На Заев му пречи фактот дека ОЈО не потклекнуваше на политички притисоци

„СДС веднаш почна со чекори кои водат кон брутална партизација на органите на прогонот. Со ваквата стратегија Заев се надева дека ќе реши два проблеми. Првиот и најголем, да се спаси себеси и другите од раководството од одговорност за криминалот и вториот, да инсталира партиски послушници кои беспоговорно ќе ги следат неговите нарачки за спроведување политички монтирани случаи“, вели Зоран Илиоски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Затоа СДС наместо професионалец, за државен секретар во МВР ја именуваше Магдалена Несторовска, координатор на советничката група на СДС во Карпош. Токму затоа, еден од првите чекори на новата влада на СДС беше поведување постапка за разрешување на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски. Тоа што на Зоран Заев му пречи е фактот дека Јавното обвинителство водено од Зврлевски не потклекнуваше на политички притисоци и отвораше постапки за случаи како „Поткуп“ – вели Илиоски.

Според Илиоски, операцијата што ја прави СДСМ не е заради реформи, туку е за да бидат стопирани сите случаи кои се водат против раководството на таа партија во јавното обвинителство.