Свет ИД со нов ултиматум до Јордан

ИД со нов ултиматум до Јордан

Екстремистричката сунитска група Исламска држава повторно со видеоснимка се закани дека ќе го ликвидира јорданскиот пилот, доколку ирачката терористка не биде ослободена до зајдисонце.

Во видеозаписот, јапонскиот заложник Кенџи Гото соопштува дека јорданскиот пилот Муас ал Касасбех ќе биде ликвидиран доколку Саџида ал Ришави до зајдисонце не се најде на турската граница.