Свет Европа ИД се заканува со напади на Белата куќа, Биг Бен и на...

ИД се заканува со напади на Белата куќа, Биг Бен и на Ајфеловата кула

Портпаролот на Исламска држава, Абу Мухамед ал-Аднани, денеска се закани дека припадниците на ИД ќе го нападнат Рим и ќе ги разнесат Белата куќа, Биг Бен и Ајфеловата кула. Видеопораката, која е објавена синоќа, наводно, е дадена откако нигериската екстремистичката група Боко харам се заколна на верност на ИД.

Одредени аналитичари ја толкуваат најновата порака на ИД како обид да се подигне моралот на екстремистите и да го заплаши Западот во момент кога ИД трпи порази во Ирак.

– Ви соопштуваме добри вести за ширењето на калифатот на Западна Африка – рече портпаролот Аднани.