Свет ИД користела хемиско оружје при нападите

ИД користела хемиско оружје при нападите

Припадниците на Исламска држава, при нападите врз ирачките воени сили, користела хлор, соопшти генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО), Ахмет Узумџу.

Од ОЗХО соопштуваат дека хемиското оружје било употребено во октомври минатата година, при нападот на Багдад, но во нападот немало жртви.

Узумџу соопшти дека поседуваат неофицијални податоци дека ИД се снабдува со хемиско оружје и побара да се зголеми меѓународната контрола на хемиските материјали.