Македонија Хоџа: Илирида е алиби за Мијалков да ги нападне Албанците

Хоџа: Илирида е алиби за Мијалков да ги нападне Албанците

Според Хоџа, Албанците не требат да подлегнат на ваквите провокации

Џезаир Шаќири – Хоџа, поранешниот командантот на ОНА, во изјава за весникот на албански јазик „Лајм“ ја критикува т.н. гарда на Илирида.

Според него, ова претставување на гардата на Илирида на социјалните мрежи е мало провоцирање и давање алиби на антиалбанските настроени страни за уште повеќе да ги нападнат албанските жители во Македонија.

– Албанците на ниту еден начин не треба да подлегнат на ваквите провокации, бидејќи Сашо Мијалков го чека ова за да ги нападне Албанците. Албанскиот политички фактор, и во Косово и во Албанија, треба да ја спречи оваа антиалбанска офанзива која ни се случува во континуитет – изјавил Хоџа за „Лајм“.