Uncategorized Хјустон два месеца без Хауард

Хјустон два месеца без Хауард

Центарот на Хјустон рокетс, Двајт Хауард, нема да игра во следните два месеца поради повреда на десното колено.

Хауард истакна дека во моментов му е најважно да биде подготвен за почетокот на плејоф-натпреварот. Тој последниот меч го одигра на 23 јануари против Феникс, а во 32 натпревари сезонава имал просечно по 16,3 поени и по 11 скокови.

Хауард трипати во кариерата е прогласен за најдобар дефанзивец на сезоната.