Спорт Хамилтон: Розберг ќе биде посилен следната година

Хамилтон: Розберг ќе биде посилен следната година

Светскиот шампион Луис Хамилтон рече дека мора да биде уште подобар во следната сезона ако сака да остане пред тимскиот колега од Мерцедес, Нико Розберг.

Британецот триумфираше во Абу Даби пред две недели, освојувајќи ја својата втора титула, а во петокот на церемонијата во Доха го презеде својот шампионски трофеј.

Хамилтон истакна дека следната година најголема конкуренција во борбата за титулата, покрај Розберг, ќе му биде возачот на Ред бул, Даниел Рикардо, како и Фернандо Алонсо, кој би требало да се врати во Мекларен.

– Нико без сомнеж ќе биде посилен, а јас ќе мора да го направам истото ако сакам да останам пред него. Даниел одлично одработи годинава, а ќе биде интересно да се види и што Фернандо ќе направи во својот нов болид – рече Хамилтон.

Хамилтон, Розберг и Рикард очигледно дека добро се забавувале на свеченото доделување, за што говорат и нивните слики на социјалните мрежи.