Технологија Гаџети „Гугл плус“ автоматски ги подобрува видеозаписите

„Гугл плус“ автоматски ги подобрува видеозаписите

Социјалната мрежа „Гугл плус“ доби нова функционалност, која се надградува на веќе постојната функција за подобрување на фотографиите. Станува збор за автоматско унапредување на видеоснимките во однос на светлина, контраст и на можни пречки.

Откако ќе се закачи видеозаписот, „Гугл плус“ одредува можности за поправки, кои можат да се изведат, кои подоцна се испраќаат на одобрување кај корисникот за дозвола дали да се применат.

Корисникот добива екран поделен на два дела – на едниот се гледа оригиналниот видеозапис, додека на другиот се гледа видеозаписот со направените поправки. Корисникот треба да избере дали ќе ги прифати измените или не.

Промените во видеоматеријал, освен на опишаниот автоматски начин, можат да се изведат и рачно. Новата опција е достапна во рамките на мрежата „Гугл плус“ за „виндоус“ и за „мек“ преку „хром ОС“.