Македонија Групата која 12 дена ја окупираше ИВЗ, го напушти објектот

Групата која 12 дена ја окупираше ИВЗ, го напушти објектот

Групата која 12 дена ја окупираше Исламската верска заедница, го напушти објектот на чело со скопскиот муфтија Шабани.

Судот донесе решение со кое се бараше групата веднаш да ја напушти ИВЗ.

Пред 12 дена, групата предводена од скопскиот муфтија и од неговиот секретар насилно ги зазедоа просториите на ИВЗ, револтирани поради нивното разрешување.