Македонија Груевски им отпиша долгови на триесетина граѓани

Груевски им отпиша долгови на триесетина граѓани

Во преполна сала и пред дваесетина новинари, премиерот Никола Груевски денеска на триесетина граѓани им подели решенија за отпис на долгови. Како што рече Груевски, досега се поделени околу 9.000 решенија за отпис на долгови.

Најмногу барања за отпис на долгови имало за струја, кредити, минуси на трансакциски сметки, радиодифузна такса и за сметки за парно.

– Ова е наше предизборно ветување и иако многу луѓе не веруваа дека ќе го исполниме, ние решивме да помогнеме на начин на кој никој во светот не помогнал, реагиравме на начин на кој ниту една влада не реагирала – рече Груевски.

Заедно со премиерот, на доделувањето на решенијата присуствуваа и министерите за финансии и за труд и социјална политика, Зоран Ставрески и Диме Спасов.