Македонија Груевски ги прими претставниците на Македонија на Специјалната олимпијада

Груевски ги прими претставниците на Македонија на Специјалната олимпијада

Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со претставниците на Македонија на Специјалната олимпијада, кои учествуваа на последните Летни олимписки игри што се одржаа во Соединетите Американски Држави.

Учесниците на Специјалната олимпијада од Македонија од 25 јули до 2 авуст беа дел од ЛОИ во Лос Анџелес и освоија десет медали.

Тие се натпреваруваа во атлетика, пливање, пинг-понг и во јунифајд кошарка. Медали во атлетика освоија Јулијана Петровска – злато на 100 метри, Ајвази Себат – сребро на 200 и 400 метри и Албан Бајрамовски – сребро на 400 метри. Во пливање со медал се закитија Марио Мицковски – злато на 25 метри слободен стил, Стефан Трпковски – бронза на 25 метри слободен стил, Јована Павловиќ – бронза на 50 метри слободен стил. Во пинг-понг, Фатиме Бељур и Давид Стојановски освоија бронза, а тимот во кошарка јунифајд заслужи сребрен медал.

На Летните олимписки игри во Лос Анџелес учествуваа 7.000 атлети и 3.000 тренери од 177 земји и се натпреваруваа во 25 олимписки спортови.