Македонија Грипот ја губи силата

Грипот ја губи силата

Грипот е во опаѓање. Изминатата недела ИЈЗ регистрирале 2.732 случаи на грип. Ова е за 13 проценти помалку од претходната недела. Вкупната бројка за оваа сезона е поголема од 28.000. Досега не е регистриран ниту еден смртен случај како последица од грип. Заболени има во сите градови. Најмногу се регистрирани во Скопје, повеќе од 4.000, Куманово и во Тетово, пренесе „Здравство 24“.

И во европскиот регион е поминат пикот на грипот.

Во извештајот на „Флу њуз Европа“ (Flu News Europe), вирусите инфлуенца А (H1N1) pdm09, А (H3N2) и инфлуенца Б и понатаму циркулираат во регионот, со зголемување на процентуалната застапеност на типот инфлуенца Б. Во регионот како целина, инфлуенца А (H3N2) е најзастапен тип, но неколку земји од јужниот и од источниот дел пријавија предоминација на инфлуенца Б преку сентинел надзорот.

Пријавени се пациенти во САД со лабораториски потврден грип (главно тип Б), кои имаат морбилиформен исип и истите се под истрага од страна на CDC.