Подглавна секција Грипот ја зафати Македонија

Грипот ја зафати Македонија

Се зголемува бројот на заболени од грип. Според последните податоци објавени од Институтот за јавно здравје, во последната недела од ноември имало нови 193 лица со симптоми на грип, што во споредба со претходната недела е зголемување за 22 процента. Вкупниот број заболени од почетокот на сезоната изнесува 883 лица, од кои најголемиот број – 356, се регистирани во Тетово. Лани истиов период имало вкупно 371 заболен на целата територија на Македонија. Сезонава засега не се регистирани смртни случаи како последица од грип. Од материјалите анализирани во лабараториите на Институтот за јавно здравје, кај седум пациенти било утврдено присуството на грип, од кои кај тројца – вирусот од тип Б, а кај четири – вирусот А.