Македонија „Граѓаните за Македонија“ утре на протест пред зградата на премиерот Груевски

„Граѓаните за Македонија“ утре на протест пред зградата на премиерот Груевски

В четврток, во 18 часот, коалицијата „Граѓаните за Македонија“ ги повикува граѓаните на протест пред зградата каде што живее премиерот Никола Груевски.

„Ги потсетуваме граѓаните и овојпат со себе да носат тенџериња, капаци од тенџериња, лажици, пластични туби и други предмети кои создаваат бучава, за Груевски да слушне и конечно да разбере дека мора да си оди. Ние, граѓаните, громогласно ќе му кажеме на Груевски дека не сме ги  заборавиле неговите злодела и криминали, за кои тој и неговата тајфа ќе мора да одговараат, а и него ќе го потсетиме на клучните телефонски разговори (бомбите) што досега ги презентираше опозицијата“, пишува во соопштението на „Граѓаните за Македонија“.

Како што соопштуваат од движењето, за време на протестот кој го носи имет „Се сеќаваш ли на овие разговори? Граѓаните се сеќаваат и ќе те потсетат дека мора да си одиш!“, ќе бидат емитувани и клучните делови од разговори од „бомбите“.