Свет Балкан Ердоган: Уривање на турски авион со рускиот систем С-400 би било агресија

Ердоган: Уривање на турски авион со рускиот систем С-400 би било агресија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека уривање на турски авион со ракетниот систем С-400, што Русија го распореди на западот на Сирија, би било агресија против правото на Турција на суверенитет.

– Таквиот вид инцидент, кој би можел да се случи, дополнително ќе нè поттикне да преземеме мерки за кои, секако, не се дискутира, туку едноставно се преземаат – рече Ердоган за „Си-Ен-Ен“, додавајќи дека природно право на една држава е да се штити.

Ердоган напомена дека Турција не сака ескалација на ситуацијата во регионот.