Economy Груевски во Рим привлекува италијански инвестиции

Груевски во Рим привлекува италијански инвестиции

Премиерот Никола Груевски и министерот за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф, оствариле средба со италијански бизнисмени во Рим. Ним им биле презентирани можностите за инвестирање во Македонија.

На средбата присуствувале сопственици и менаџери на компании од повеќе сектори, како автомобилската, електронската, текстилната и дрвната индустрија, но и од енергетскиот сектор.

– Дел од нив веќе беа запознаени со условите за инвестирање во Македонија, затоа што веќе имале контакт или со нашите министри или со економските промотори, но дел и не беа запознаени. И за едните и за другите беше корисно да зборуваме за повеќе детали и за информации за правење бизнис во Македонија и тоа беше навистина корисно за сите овие компании – изјави премиерот Груевски по средбата.

Некои италијански стопанственици ќе ја посетат државата во јуни или јули, за на терен да се запознаат со можностите за инвестирање, но и да остварат контакти со компаниите и со државните институции.