Македонија Електронска картичка за автобусите во ЈСП, на пробна употреба од 1 август

Електронска картичка за автобусите во ЈСП, на пробна употреба од 1 август

Во автобусите на ЈСП – Скопје, од 1 август годинава пробно ќе почне да се користи единствена картичка, а од 1 јануари 2016 година таа ќе биде во употреба и кај приватните превозници.

Проектите за автоматска локација на автобусите и за електронската наплата во јавниот превоз, беа промовирани денеска.

Како што информираше градоначалникот Коце Трајановски, картичката за јавен превоз ќе биде од два типа, персонализирана (со фотографија), наречена „моја скопска“, која ќе чини 200 денари, и пренослива, без фотографија, односно „скопска“, која ќе чини 150 денари.

Картичките ќе важат во автобусите на ЈСП – Скопје и кај приватните превозници. Најпрво, тие ќе можат да се набават во ЈСП – Скопје, а потоа и на други осум локации низ градот.