Македонија „Ел-Џи“ го претстави паметниот часовник „урбан“

„Ел-Џи“ го претстави паметниот часовник „урбан“

Компанијата „Ел-џи“ го претстави својот паметен часовник „воч урбан“, а уредот ќе има претставување и на Светскиот мобилен конгрес во Барселона.

„Ел-џи воч урбан“ е подобрена верзија на паметниот часовник „џи воч ер“. Благодарение на тесните рамки на екранот, куќиштето од нерѓосувачки челик со исполирана сребрена или златна завршница, како и на опшиената кожена лента, „урбан“ изгледа поелегантно од својот претходник. Паметниот часовник „ел-џи воч урбан“ се одликува 1,3-инчен екран П-ОЛЕД со резолуција од 320 x 320 пиксели, како и со платформа „андроид веар“.

Паметниот часовник во себе има процесор „qualcomm snapdragon 400 SoC“, работна меморија од 512 мегабајти, интерна меморија од четири гигабајти, како и батерија од 410 милиампер-часови. Новиот паметен часовник има сертификат „IP67“ за прав и за вода, а димензиите му се 45,5 x 52,2 x 10,9 милиметри.

„Ел-Џи“ сè уште нема објавено точен податок за почеток на продажбата и за неговата цена.