Uncategorized Експлозија во автобус во Ереван

Експлозија во автобус во Ереван

Две лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во автобус што синоќа се случи Ереван, соопшти ерменскиот истражен комитет.

Причината за експлозијата е непозната, соопштија истражителите.

Шефот на полицијата, Владимир Гаспаријан, изјави дека експлозијата одекнала во автобусот и оти не е станува збор за експлозија на дизел-гориво ниту, пак, е последица на течење гас од плинска боца.

Експлозијата одекнала неколку километри од централниот плоштад.